Државни институции со милионски долгови за позајмици за плати. „Пошта“, „Водостопанство“ и „МЖ Транспорт“ му должат на „МЕПСО“ над 9 милиони евра – пари кои државниот преносен систем им ги позајмила за да исплатат плати. Ова го соопштија од „МЕПСО“ на брифингот со медиумите кој се одржа минатата недела.
АД Пошта 2, 7 милион евра
МЖ Транспорт 3,8 милиони евра
АД Водостопанство 2,6 милиони евра
Наместо враќање на парите, потпишаа договори за пролонгирање на рокот за подмирување на долгот. Ваквите податоци стојат и во годишниот извештај на државната МЕСПО.
Во меѓувреме „АД Пошта“ побарале нов заем од „МЕПСО“, посочија на брифингот од компанијата, но овој пат преносниот систем одлучил да не им ја даде финансиската поддршка. Од „МЕПСО“ се надеваат дека нивната состојба ќе се подобри и ќе бидат во можност да го вратат заемот.
Од друга страна „МЕПСО“ се уште ги нема наплатено долговите од трговците со струја кои ги направија кон компанијата за време на енергетската криза.
Последно беше посочено дека долгот е нешто над 7 милиони евра. Се сменија многу раководства. Сите посочуваат дека се преземаат сите мерки за долгот да биде наплатен, но овие пари „МЕПСО“ се уште ги нема вратено во сопствената каса.
Со почетокот на енергетската криза, неколку трговци со струја за да не плаќаат електрична енергија по повисока цена, ја користеа балансираната од „МЕПСО“, која пак ја влечеше од европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност да плаќа пенали.
Телма, претходно пишуваше дека компаниите „Мист ЕНЕРЏИ“, „Енергија гас“ и „Повер и У Повер“ добија забрана за трговија. Некои пак го променија и името на фирмата се вратија на бизнисот со стурја , а долгот кон „МЕПСО“ им остана да виси.
Ирена Чачкова
Б.С.
