Вести Македонија Топ вести

Велјановски во Топ Тема: Владите на СДСМ направија огромна штета на државните интереси и идентитетот

Александар Велјановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, упати остри критики кон претходното владеење на СДСМ, предводено од Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Велјановски истакна дека фокусот на нивната партија сега е насочен кон санирање на штетите во клучните државни сектори и враќање на довербата во институциите.

Според Велјановски, еден од најголемите пропусти на претходната власт биле отстапките направени по прашањата кои директно задираат во македонскиот национален идентитет, јазикот и историјата.

  • „Сметам дека преголемиот фокус на обврските кои ги презеде тогашната власт, без притоа да има консензус со останатите парламентарни партии, направи огромна штета не само на опозицијата, туку и на самата држава“, изјави Велјановски.

Зборувајќи за моменталната состојба во која се наоѓа земјата, Велјановски посочи дека новата власт се соочува со сериозни предизвици наследени од претходниците.

Тој ги наведе финансиската криза и „дупките во буџетот“ како главни пречки за брз напредок.

  • „Се соочивме со огромно ниво на криминал и корупција, евидентирани и во извештаите на ’Транспаренси Интернешнл‘ и други реномирани меѓународни организации, кои не водеа како лидери во овие негативни појави“, рече тој, додавајќи дека прифаќањето на овој предизвик е директно и без ветувања за „чуда преку ноќ“.

Велјановски нагласи дека приоритет на актуелната политичка постава ќе бидат суштинските реформи во судството и обвинителството, со цел да се подобри ефикасноста и да се врати правната држава.

  • „Нашиот фокус е конзистентност во работењето. Мора да се знае точно каде и како се трошат јавните пари. Граѓаните и институциите мора да имаат целосен увид во трошењето на народните пари и да се подобри транспарентноста на секое ниво“, заклучи Велјановски во своето излагање.

Тој додаде дека меѓународните партнери веќе дале јасни насоки за подобрување на состојбите во правосудниот систем, што ќе биде клучниот пат по кој ќе се движи државата во наредниот период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два потврдени случаи на Западнонилска треска во Македонија

Дејан Дејан

Илјадници Иранци присуствуваа на првиот ден од погребната церемонија на ајатолахот Хамнеи во Техеран

Дејан Дејан

Голем напад со дронови врз Санкт Петербург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе