Советничката група на ГРОМ во Советот на Карпош обвини дека во општината постои институционална нестабилност и побара итно свикување вонредна седница.
Тврдат дека градоначалникот Сотир Лукровски се повлекол од активното управување, додека одредени овластувања ги користи негов заменик.
Советниците бараат расчистување на состојбата и доколку е потребно, распишување нови избори за градоначалник.
Телма побара став и од Лукровски околу функционирањето на Општина Карпош, како и за обвинувањата од ГРОМ, но тој не одговори на нашите повици.
