Вести Македонија Топ вести

Проширувањето е приоритете на ЕУ, но само со спроведени реформи

Има место за сите земји од Западниот Балкан во ЕУ, но само доколку се спроведат и испорачаат реформите, ова се пораките кои пред Советот за надворшени работи на ЕУ со министрите од Западниот Балкан ги испратија високата претставничка  за надворешна и безбедноста политика на ЕУ, Каја Калас  и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, кои се децидни дека без тоа проширувањето не може да продолжи.

Кос пак рече дека проширувањето е приоритете на Унијата и дека ако земјите-кандидати испорачуваат и Унијата ќе испорачува. Кос рече дека Унијата размислува сериозни и за постепено пристапување без право на глас.

  • „Повеќе помалку ние се уште ја користиме методологијата во процесот на проширување кој е стар 40 години. Но живееме во различни времиња. Не живееме во време на мир.  Немаме време. Тоа што сега го дискутираме со земјите-членки е дали посоти можност да преминеме напринцип на постепено интеграцоија, особено од заедничкиот пазар кој го користимеи за други области, особено безбендоста. Ние сега сме во длабока дискусија со членките и јас сум позитивна за исходот“, изјави Кос.

Пред спостанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, шефот на македонската дипломатија пак изјави дека проширувањето е императив и за Европската Унија и дека Западен Балкан треба да престане да биде „сива зона“ на Европа.

Муцунски изјави дека државата постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци.

Кос пред состанокот информираше и дека Планот за раст се спроведува добро и оти Унијата ќе распредели 200 милиони евра за Албанија, Црна Гора и Македонија.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два потврдени случаи на Западнонилска треска во Македонија

Дејан Дејан

Илјадници Иранци присуствуваа на првиот ден од погребната церемонија на ајатолахот Хамнеи во Техеран

Дејан Дејан

Голем напад со дронови врз Санкт Петербург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе