Вести Македонија Најважни

Полицајците се изјаснија за невини – Родителите на жртвите велат „нека продолжат со бегањето од вина“

Не се чувствуваат виновни сите 13 полицајци обвинети предизвикување општа опасност, за начинот на кој се спроведувала акциската контрола во Пулс,  на кобната ноќ,  кога во пожар животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200  беа повредени.

Направиле се што можеле, во рамки на надлежностите, додадоа дел од нив. Во воведниот говор,  адвокатите и обвинетите рекоа дека обвинението е контрадикторно и дека не може да се поврзе контролата во Пулс со последиците.

  • Трагедијата не настана поради полициската контрола, туку беше предизвикана од оние кои ја внесоа пиротехниката, без да го известат МВР и да ангажираат стручни лица. Објектот функционирал без важечка лиценца и неисполнети стандарди а тоа ниту е ниту било надлежност на МВР ниту предмет на контрола – Марија Маневска, обвинета.

Родителите на жртвите реагираа дека никој не признава вина.  Нека продолжат со бегањето од вина, со манипулациите и со глумењето жртви — народот веќе виде како изгледа кога институциите ќе клекнат пред небрежноста, врските и неодговорноста, велат тие.

  • Голем дел од обвинетите биле токму таму таа кобна ноќ. Гледале. Слушале. Знаеле. Но денес, одеднаш, сите се претворија во „немоќни набљудувачи“, додека вината кружи од еден на друг и мистериозно исчезнува некаде по „повисоките структури“. Едни велат: „не било наша надлежност“. Други: „не добивме наредба“. Трети: „не знаевме“. И најнавредливо од сè е кога денес се обидуваат да нè убедат дека „не знаеле“ дека вечерта имало концерт. Не, полицајците немале обврска да следат Facebook за да дознаат што се случува во градот. Но имале обврска да постапуваат по закон. А уште повеќе кога токму таа вечер имале акциска контрола во истиот објект – Александар Наунов, родител.

Планот за акциска контрола бил направен  без да се спроведат сите неопходни проверки а  бил потпишан и одобрен дури по трагедијата.

Не ги запазиле  ниту стандардно оперативните процедури за проценка и управување со ризик а настанот бил најавен и на социјалните мрежи, рече обвинителката во воведниот говор.

Според неа иако пиротехниката не била пријавена  таа била поставена на бината,  можеле да ја забележат но не ја спречиле.

  • Имале можност при влегувањето во клубот да забележат присуство на пиротехника, и иако тоа не им било стриктно наведено во планот за акциска контрола, согласно другите овластувања и можности коишто ги имаат како полициски службеници имале обврска тоа да го проверат и да го спречат. Дополнително им се става на товар и дека од нив не постапувале и во делот на намалување на последиците, односно, ризикот којшто се создал преку непружање или несоодветно постапување во делот на заштита и извлекување на дел од заглавените лица во клубот „Пулс“ – Спасенка Андонова, обвинителка.

Судењето продолжува на 28 мај. Ова е еден од трите предмети кои произлегоа од истрагата за полицајците. Другите два се за злоупотреба на службената положба а тројца веќе добија и условни казни.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два потврдени случаи на Западнонилска треска во Македонија

Дејан Дејан

Илјадници Иранци присуствуваа на првиот ден од погребната церемонија на ајатолахот Хамнеи во Техеран

Дејан Дејан

Голем напад со дронови врз Санкт Петербург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе