Вести Македонија Топ вести

Драконски казни за неодговорни сопственици предвидени во новиот закон за благосостојба на животните

Трајна забрана за чување на куќен миленик и драконски казни од 5.000 евра се предвидени во новиот Закон со цел државата да стави крај на неодговорното сопствеништво и напушатње на кучињата, кои завршуваат на улица. Со донесување на новиот Закон, во тек е и подготовката за Национална Стратегија. Секој регион во државата треба да ги преброи бездомните животни, односно да направи регистер и треба да направат свои Стратегии.

„Врз основа на тие податоци ќе се направи детална анализа и ќе се направи еден вид на стратегија за тоа што секој регион е различен, населените места се различни. Различно е во рурална и во урбана средина, односно пристапот кон бездомните кучиња“, изјави Тања Ристевска-Оловска од  Агенцијата за храна и ветеринарство.

 „И во ЕУ, за првпат се појави Закон за благосостојба на животни оваа година, каде некој одредби ќе бидат ставени и во нашиот закон и тоа е многу важно, да можеме да ги пратиме тие случувања и морам да кажам дека една од одредбите е која што е интересна дека секој одгледувач кој што сака да го пушти во промет својот производ, значи кученце мора да има одобрување од дадена инспекција“, вели Влатко Илиевски Факултет за ветеринарна медицина Скопје.

Општините од Брегалничкиот регион имаат донесено одлука за изградба на регионален стационар, во тек е постапката за изготвување на физибилита студија и документација, која треба да укаже каде ќе се лоцира овој објект.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два потврдени случаи на Западнонилска треска во Македонија

Дејан Дејан

Илјадници Иранци присуствуваа на првиот ден од погребната церемонија на ајатолахот Хамнеи во Техеран

Дејан Дејан

Голем напад со дронови врз Санкт Петербург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе