Вести Македонија Топ вести

Седмоодделенец од Битола им се заканувал по живот на соучениците, ОЈО  го проверува случајот

Ученик од седмо одделение во битолско основно училиште „Стив Наумов“ преку социјални мрежи испраќал заканувачки пораки по живот до свои соученици, по што случајот бил пријавен и во Обвинителството во Битола

  • „Во моментов се вршат проверки во координација со Центарот за социјални работи во Битола, бидејќи станува збор за дете кое е под возраста за кривична одговорност“, наведуваат од ОЈО.

Родителите поднеле претставка и до Државниот просветен инспекторат,а дел од нив  денеска  не ги испратиле своите деца на настава.

Директорот на училиштето вели дека спорните содржини не биле објавувани во рамките на училиштето ниту за време на наставата, туку надвор од училишната средина.

Сепак, веднаш биле известени сите надлежни институции, а училиштето презело мерки за заштита и поддршка на учениците.

  • „По добиената претставка од група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги извести Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и Подрачното одделение за образование на Општина Битола, со цел случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува. Училиштето презеде соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата“, вели Никола Пискачев, директор на ОУ „Стив Наумов“ – Битола.

Пискачев тврди дека нема бојкот на наставата, но  апелира да не се шират непроверени информации и да се внимава на приватноста на учениците, бидејќи станува збор за малолетници.

Според информациите, родителите на ученикот најавиле дека ќе го променат училиштето.

Од училиштето се сомневаат дека случајот намерно се актуализира пред уписниот рок за првачиња, со цел да се нарушат угледот и репутацијата на училиштето.

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе