Вести Македонија Топ вести

Пратениците го изгласаа новиот Закон за Советот на јавните обвинители

Со 64 гласови „за“ и 15 „против“, без воздражани, пратениците го изгласаа новиот закон за Советот на јавните обвинители кој е дел од Реформската агенда.

Министерството за правда преку соопштение информира дека со законското решение се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители, по примерот на критериумите предвидени во новиот Закон за Судскиот совет.

Новиот закон воведува и обврска за целосно и аргументирано образложение на одлуките за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите, а се воведува и доследна примена на системот на заслуги при избор, унапредување и разрешување на јавните обвинители.

Новото законско решение предвидува и јакнење на транспарентноста на Советот ја јавни обвинители преку воведување на обврска за за објавување на одлуки и извештаи, јавно одржување на седници со директни преноси и информирање на јавноста.

Се воведува и двостепеност во дисциплинските постапки, а се јакне улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе