Вести Топ вести

Нов скок на инфлацијата, НБРМ со полоши прогнози, за евентуални мерки Мицкоски ќе чека да помине мај

Нов  сериозен скок на инфлацијата. Статистика пресмета трошоците за живот во април пораснале за 5, 7 отсто во однос на април лани. Само кај храната и безалкохолните пијалаци за една година  има скок на цените од 8 отсто.

Од документот на статистичарите може да се види дека најголемо поскапување од храната има кај месото од 13 проценти, потоа кај млекото и јајцата и маслото и овошјето.

Месо                                        13,3 %

Млеко јајца                              9,8 %

Масло и масти                        8,3 %

Овошје                                         8 %

Жита, производи од жита    4,7 %

И Народната банка излезе со полоши прогнози за домашната економија. Иако, првичните проценки на банката беа дека годинава инфлацијата ќе биде околу 2, 5 проценти, сега предвидувањата се дека ќе се заврши со 4 отсто.

Годинава се очекува домашната економија да испорача и помал раст од првичната проценка. Па така тој ќе биде 3, 5 отсто.

И гувернерот Славевски смета дека ако има потреба од мерки со оглед на притисокот од инфлацијата, просторот за било каков потег во тој дел е ограничен.

Ако е дефицитот реализиран, останува мал простор со предвидениот ребаланс во тој случај во остатокот од годината ќе има помали издатоци на расходната страна. Ако мислите на фискалниот простор тоа е прашање за финансии, за евентуални мерки познато е дека не само тука туку и во Европа, овој пат земјите располагаат со многу мал фискален простор, изјави гувернерот Трајко Славевски. 

Премиерот Мицксоки пак повтори дека најголем притисок врз инфлацијата има поскапувањето на авио билетите.

Еве да почекаме мај месец како ќе се движат работите за да дискутираме. Инаку како влада дневно ја следиме состојбата, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Тој и вчера кажа дека ако се делува со некакви мерки тоа би било намалување на ДДВ за храна, нагласувајќи дека просторот за тоа е ограничен. И покрај ваквите бројки на статистиката, неодамна од пазарен посочија дека нивната анализа покажала дека има минимално поскапување.

Народната банка за сега ја држи основната камата на 4 отсто, но ако има потреба ќе се порасне. Од оваа камата зависат  и каматните стапки на депозитите и кредитите. Од банката посочија и дека се продлабочува минусот на тековната сметка, поради големите одливи, а помали приливи на пари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Ивановски и „реформаторите“ ја доведоа партијата до изборен пораз, сега се јавуваат како спасители

Дејан Дејан

Украл „опел“, удрил во бетонски ѕид и побегнал – приведен е 15 годишник од Велес

Дејан Дејан

Уапсен скопјанец кој украде електричен тротинет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе