Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека во моментов не постојат услови за уставни измени и дека Владата не е подготвена да преземе таков чекор.
Тој нагласи дека недостасуваат доверба и кредибилитет во процесот на испорака од страна на меѓународните партнери. Муцунски ова го истакна по заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во официјална посета на земјата.
Според него, Македонија и понатаму останува посветена на европскиот пат преку реформската агенда и усогласување со европските политики.
Во однос на Бугарија, министерот порача дека земјата е отворена за дијалог, но дека недостиг на политичка волја постои од другата страна.
Тој додаде дека, и покрај предизвиците, државата ќе продолжи со реформите и со спроведување на европските вредности.
