Вести Македонија Топ вести

Муцуински: Нема услови и подготвеност за уставни измени

„Услови за уставни измени нема“. Вака кратко одговори на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за тоа какви односи можат да се очекуваат со новата бугарска влада, со огледе на најавите кои стигаат од Софија дека идната влада на Румен Радев нема да ги менува позициите кон Македонија, но и по најавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека односите со Бугарија ќе се вжештуваат.

Муцински иако не објасни какво „вжештување на односите“ очекува премиерот, рече дека Македонија е секогаш подготвена за дијалог со Бугарија, за што немало интерес од претходна влада таму.

  • „Сакам да бидам кристално јасен, во овој контекст, нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостаток на доверба и недостаток на кредибилитете по однос на испораката кон нас како држава. Такашто, во овој момент услови за уставни измени нема и владата не е подготвена да преземе каков било чекор кон уставни измени“, рече Муцунски.

Муцунски сепак изрази надеж дека има свест во Софија дека европската интеграција на Македонија е значајна за целиот регион.

Муцунски денеска му беше домаќин на генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој ја пофали Македонија за брзото усвојување на акцискиот план за малцинствата, додека за неисполнувањето на 17 пресуди од Судот за човекови права од страна на Софија кои се однесуваат на правото на регистрација на здруженија на Македонците во Бугарија, рече дека е направен напредок во таа насока, особено во изминатиот месец.

  • „Работиме на тоа и имаме веќе добар напредок во последните 12 месеци и сега е подобро од претходно. Според мене можам да ви кажам дека тоа може да биде конкретно и практично спроведување, не смее да биде само симболично. Ако имаме регистрација на тие здруженија тоа треба на конкретен начин да се спроведе. Според мене, досега имаме добар напредок и ќе биде можно да се спроведат тие одлуки“, рече Берсе.

Според Берсе, Комитетот на министри наскоро повторно ќе разговара на темата исполнување на пресудите од страна на Бугарија, уверувајќи дека Советот на Европа не сака симболични решенија туку стабилно и солидно.

Берсе кој е во прва официјална посета на земјава рече дека Македонија игра многу важна улога за стабилноста и демократската отпорност во регионот и континентот.

Тој порача дека стабилноста и безбедноста на различните региони се поврзани и оти во моментот постои неопходност да се има силен систем на одбрана кога повторно има вооружување во Европа.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе