Вести Македонија Топ вести

Клековски: Со болница во Фленсбург водиме 11 спорови во германските судови

Околу 290 случаи на лекување во странство биле во 2025 година за што се издвоени околу седум милиони евра за таа намена, судските спорови на Фондот се стари и врзани се една болница во Фленсбург во Германија, каде во подамнешно минато се испраќани најчесто хематолошки случаи за трансплантација на матички клетки, рече Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Бидејќи тоа било доста редовна пракса во тоа време, не се собирале меѓусебните сметки и во еден Фондот прекинува да испраќа на лекување во таа болница и настануваат разлики. Со таа болница се водат 11 судски спорови во германските судови, ние ги очекуваме исходите. Она што врз основа на забелешките на Државниот завод за ревизија е затворање на секој случај индивидуално. Значи по враќање од лекување во странство, се контролира фактурата и описот на извршените услуги, побаруваме и да се достави отпусното писмо од болница за потврда дека таков зафат е навистина направен. Се затвора случај по случај, така да нови недоразбирања со болниците не може да настанат по таа основа“, потенцира Клековски.

Според него, она што недостасува во лекувањата во странство е добивање на завршно мислење од конзилиумот што ги испратил пациентите, како фидбек како е направена интервенцијата.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе