Вести Македонија Топ вести

Димитриевски: Дали постојат стенограми од разговори за бегството на Груевски во кабинетот на Пендаровски?

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостување во „Топ Тема“ изјави дека постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски не е завршена и дека ќе следи ново барање, кое, како што рече, е и институционална обврска. Тој нагласи дека процесот е во тек и дека се чека политички контекст во Унгарија, но обвини дека дел од политичките структури во земјава во минатото не покажале доволна одговорност во случајот со бегството на Груевски.

„Првично не е вистина дека нема барање за екстрадиција, има и тоа е во процедура упатено до пријателска Унгарија. Министерот даде своја изјава во делот дека се чека формирање на нова влада, но и дека повторно ќе има барање за екстрадиција. Впрочем тоа му е обврска“, изјави Димитриевски.

Во својот настап, тој упати и критики кон претходната власт предводена од СДСМ, обвинувајќи ја дека дозволила бегство на Груевски без соодветна политичка одговорност.

„Најзагрижени во оваа постапка се тие на Бихаќка, кои дозволија Груевски да им побегне а беа со апсолутна власт и немаше одговорност. Дури и министерот за внатрешни работи не одговараше, најдоа одговорност кај некој ситен полицаец“, рече Димитриевски.

Тој упати и директни прашања до поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека постојат отворени дилеми околу политички разговори поврзани со случајот Груевски.

„Јавно поставувам прашање до Филипче – дали во кабинетот на поранешниот кабинет на Стево Пендаровски во моментот кога е договарано измени на Кривичниот законик е зборувано и разговарано за враќање на Груевски? Дополнително, во присуство на Груби и претставници од СДСМ, со тогашниот премиер Ковачевски, дали постојат стенограми кои се чуваат на некое стикче?“, изјави тој, додавајќи дека јавноста треба да добие одговори за овие прашања.

Димитриевски порача дека Груевски треба сам да го олесни процесот и да се врати во земјата, доколку, како што рече, нема вина.

„Ќе му порачам од тука на Груевски– Зошто не ја олесни работата? Не е истата власт како што беше, нема од што да се плаши. Ако не е виновен, нека се врати овде наместо да испраќа Фејсбук пораки и да ја замајува македонската јавност и да се соочи со правдата. Ако не е виновен, ќе добие најпрофесионални луѓе на неговите предмети“, истакна лидерот на ЗНАМ.

Во завршниот дел од изјавата, тој оцени дека клучниот проблем е политичката одговорност за бегството на Груевски, додавајќи дека јавноста сè уште нема целосна вистина за случајот.

„Но проблемот е друг – зошто некој дозволил Груевски да замине, за да се затскријат. Уште од 90-тите врана на врана не вади очи. Ако некој има интерес, ЗНАМ е да ја обелодени вистината“, порача Димитриевски.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе