Вести Македонија Топ вести

Адвокатот Јордан Апостолски излегува од трката за македoнски судија во Стразбур

Еден од тројцата кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур не ги исполува условите оценил Советодавниот панел на експерти при Советот на европа. Ова за Телма го потврдија од владата но не откриваат за кој кандидат станува збор со објаснување дека институционална постапка треба да се води достоинствено, професионално и со почит кон сите вклучени лица.

Телма дознава дека кандидатот кој добил негативно мислење е адвокатот Јордан Апосотолски  кој заедно со адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Сашо Георгиевски во ноември лани беа предложени од комисија предводена од претседатлеот на Уставниот суд

  • Влада: Во мислењето се наведува дека дел од кандидатите ги исполнуваат условите, додека за еден кандидат е утврдено дека не ги исполнува условите. Како Влада ќе го разгледаме мислењето со должно внимание и ќе постапуваме институционално, одговорно и во координација со надлежните тела на Советот на Европа. Наш приоритет е Македонија да има кредибилен процес и квалитетен кандидатски предлог кој ќе одговара на стандардите на Европската конвенција.

Третото место на листата ќе треба да се пополни со нов кандидат. Судијата Јован Илиевски кој требеше да си замине на почетокот на годинава останува во Стразбур  додека не се избере негов наследник .

Дали експертите од панелот поствиле  дополнитлени прашања  за постпаката што се водеше во земјава а за која имаше и забелешки во јавноста, од Владата конкретно не откриваат но од одговорот произлегува дека имало објаснувања за националната постапка.

  • Влада: Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа ја разгледал доставената документација и биографиите на кандидатите доставени од Владата. Панелот констатирал дека, по доставените објаснувања, националната постапка е спроведена во согласност со сите соодветни процедури и за постапката нема забелешки.

Инаку ова е втора постапка за избор на судија во судот во Стразбур. Во првата во тесниот круг влегоа  судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски но владата летоска го поништи изборот и  ја разреши старата Комисија со кусо објансување дека кандидатите не ги исполнуваат критериумите. Кандидатите не добија образложение и покрај тоа бараа.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе