Вести Македонија Топ вести

Пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ја напушти партијата и ќе дејствува како независен пратеник

Пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков го напушти парламeнтарното мнозинство и во иднина ќе дејствува како  независен пратеник.

Одлуката тој ја соопшти пред малку изјавувајќи дека „ ќе ги поддржи сите решенија што ќе бидат во интерес на граѓаните.

„Нема да бидам дел од мнозинството, но ќе го поддржам секое решение што ќе биде во интерес на граѓаните. Станав дел од политиката за да се борам со системските неправди и за промена, но промените не се случуваат. Не прифаќам да живеем во држава на корупција и криминал“ , рече Цеков.

Цеков подолго време не се согласуваше со раководството со ЗНАМ, за повеќе прашања па и за уставните измени.

„Немам ништо против и да гласам за уставните промени. Јас лично немам ништо против тоа бугарскиот етникум да се внесе во Уставот – ние не губиме ништо од тоа. Исто така имам забелешки кон одредена реторика и наратив кон нашите соседи, сметам дека тоа е погрешен пристап. Треба да се пристапи кон дијалог и разговор, затоа што тие ни се први соседи и први соработници“, рече неодмна Цеков.

Пратеничката група на ЗНАМ по напуштањето на Цеков,  ќе брои 5 пратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе