Вести Македонија Топ вести

ФЗОМ: Во Македонија има 1,8 милиони осигуреници, од кои секој четврти не остварува приходи

Македонија е дефинирана како социјална држава, а согласно Законот за здравствено осигурување постојат повеќе основи за задолжително здравствено осигурување, со што системот е поставен инклузивно и социјално одговорно, соопштуваат од ФЗОМ.

Обезбедено е здравствено осигурување и за лицата кои не остваруваат приходи и не можат да се осигураат по ниту еден друг основ – при што трошоците за нивното осигурување ги покрива државата преку програма во Министерството за здравство.

Во моментов во Македонија има 1.836.667 осигуреници, од кои 470.774 осигуреници или секој четврти (25%) се лица кои не остваруваат приходи, соопштуваат од ФЗОМ.

Воедно во моментот се работи на три реформи на здравственото осигурување.

Работна група на Фондот, Министерството за финансии, Министерството за здравство и УЈП, работи на критериумите за лицата кои не остваруваат приходи, каде е фокусот на две групи проблеми: осигурениците што непосредно останале без работа и осигурениците кои имаат непријавени приходи (сива економија, работа во странство).

Владата, Фондот и УНИЦЕФ ги анализираат потребите и можностите за независно здравствено осигурување на малолетни лица до 18 години.

И трето, во финална фаза е подготовката на ново законско решение од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со активно учество на Фондот за здравствено осигурување. Со ова законско решение ќе се опфатат лицата кои работат во флексибилни форми на ангажман.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски: Влеговме во коалиција за да Македонецот се чувствува во прв ред во својата држава

Tea Dimkovska

Атанас Костовски за „Директно“: Македонија покажа дека има ген за фудбал, но сè се врзува со ѕвезда во генерацијата

Дејан Дејан

Атанас Костовски „живата енциклопедија“ на македонското спортско новинарство со носталгија за почетоците на ТВ Скопје – „зградата ја градевме и ја изградивме со наш голем придонес“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе