Вести Македонија Топ вести

Усје бара нова дозвола со стари параметри за загадување -велат невладините и најавуваат нов протест

Невладините најавуваат нов протест бидејќи „Титан Усје“ бара нова дозвола за работа со старите параметри и лимити за загадување, од „усје“ велат дека барањето е согласно законските прописи. Министерството за екологија пак најави јавна расправа пред да ја издаде дозволата.

Невладините се на став дека државата мора да наметне построги услови  за „Усје“ за да се намали загадувањето и да не даде дозвола да се продолжи со работа по истите критериуми за гранични емисии за загадување кои се стари речиси дваесет години бидејќи е спротивно со новиот Закон за контрола на индустриски емисии кој е изгласан а стапува на сила во септември идната година..

„Од тоа што го читаме во документот, апсолутно не е побрано ништо екстра од Усје да исполни и да се обврзе според новиот Закон за контрола на индустриски емисии кој што ќе треба да важи за целиот период на важење на новата интегирирана дозвола која што треба да им се издаде. Усје тоа многу добро го знае дека параметрите кои им се дадени сега и кои ги повторуваат и во новото барање се апсолутно неважеќки за било каде во светот. Овде им е дозволено и повторно е побарано да загадуваат во граница од 800милиграми кубни, а во евроспката дозвола таа граница е максимум 450“, вели Марија Манолчева од Стоп за Усје.

Невладините се исклучително незадоволни бидејќи министерството за екологија не побарало дополнување од Усје во документација ниту пак одржало средба со нив.

Од „Титан Усје“пак се на ставот дека барање за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола е поднесено во целосна согласност со важечката законска и подзаконска регулатива и дека компанијата транспарентно и одговорно ги спроведува сите предвидени активности и ги  доставува сите потребни информации до надлежните институции

„Особено важно е да се нагласи дека сите редовни и контролни мерења спроведени од ДИЖС и други надворешни акредитирани лаборатории, потврдуваат усогласеност со пропишаните еколошки стандарди. Дополнително, кај одредени параметри, како што се емисиите на СО₂ и прашина, измерените вредности континуирано се повеќекратно пониски од законски дозволените граници. ТИТАН Усје ќе продолжи доследно да ги почитува сите важечки законски обврски и навремено ќе ги применува сите идни барања и ограничувања што ќе бидат пропишани од надлежните институции“, велат од Титан Усје.

 Од министерството за екологија  соопштија дека заедно со Општина Кисела Вода ја подготвуваат најавената јавна расправа за новата дозвола за „Усје“.

  • Општина Кисела Вода: На јавната расправа сите засегнати страни ќе имаат можност да ги споделат своите ставови. Министерството за животна средина и просторно планирање има обврска да ги објави заклучоците од јавната расправа и писмено да образложи кои предлози на граѓаните и активистите се прифатени, а кои одбиени, при носење на одлука за новата А-интегрирана дозвола за УСЈЕ. Што значи, ставот на министерството ќе биде соопштен по завршувањето на јавната расправа.

Невладината „Стоп за Усје“ најави дека идниот вторник повторно организираат протест но овој пат не пред цементарата туку пред Собранието и пред министерството за екологија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен работи со преполовен број на судии – нема пари, а вработените го тужат

Mirjana Joveska

Филипче денеска на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот на младинците во Ваташа

Mirjana Joveska

„Џаво Отомотив“ ќе гради фабрика во индустриската зона во Тетово

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе