Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, влегол во соблекувалната на Иран по натпреварот против Нов Зеланд на Светското фудбалско првенство и им се обратил на фудбалерите по ремито 2-2 во Лос Анџелес.
Иранците имаа сериозни забелешки за организацијата и третманот на репрезентацијата за време на Мундијалот. Селекторот Амир Галеноеи изјави дека неговиот тим бил принуден веднаш по натпреварот да ја напушти територијата на САД и да се врати во својата база во Тихуана, Мексико, без можност за соодветно закрепнување по натпреварот.
Капитенот Мехди Тареми истакна дека ситуацијата е тешка за репрезентацијата и побара поголема поддршка од ФИФА. Инфантино, кој беше присутен на натпреварот, им порача на иранските фудбалери дека се посилни од сите проблеми и дека треба да продолжат да играат со срце за својата земја, семејствата и навивачите.
