Вести Македонија Топ вести

Јотова имала „вознемирувачки сигнали“ дека еден од амандманите од нацрт-извештајот за Македонија може да не го помине филтерот на европратениците

Еден од амандманите кои влегоа во текстот нацрт-извештајот за Македонија на известувачот, Томас Вајц, а кој се однесува на работата на историската комисија со Бугарија, но и на историските споменици во земјава, може да не го помине филтерот на европратениците, кои попладнево на пленарка ќе дискутираат за нацрт-извештајот, а утре ќе го гласаат.

Дебатата и гласањето веќе предизвика реакции во Бугарија, откако бугарската претседателка, Илијана Јотова, изјави дека постои можност амандманот кој влез во нацрт извештајот со гласање во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, сепак да биде отфрлен од мнозинството европратеници.

  • „Имам вознемирувачки сигнали од моите колеги европратеници дека во последен момент на пленарната седница ќе се обидат да отстранат еден од амандманите кој се однесува директно на работата на Историската комисија, која работи веќе неколку години, според членот 12 од Договорот за добрососедство и на тој начин да ја направат бесмислена нејзината работа и нејзините заклучоци во иднина“, изјави Јотова.

Јотова се надева дека во консултации меѓу одделните парламентарни групи пред дебатата и гласањето, ќе надвладее разумот и дека ќе остане делот од текстот кој е дел од Протоколот меѓу двете земји, кој пак е дел од Преговарачката рамка и обврзувачкото европско законодавство.

Текстот на компромисниот амандман, за кој Јотова стравува дека ќе биде избришан, меѓу другото го признава постоењето на различни толкувања во врска со историските карактеристики на македонското општество, но и дека Извештајот нема за цел да го прејудицира или ограничи научниот дискурс по овие прашања, ниту пак дека таквите толкувања влијаат врз проценката за напредокот на земјава кон ЕУ, кој останува заснован на Копенхашките критериуми и на принципите на добрососедски односи. Во продолжение тој реферира на историската комисија и историските споменици.

  • …Ги повикува сите страни да ја продолжат работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија и да ја извршуваат својата работа со добра намера, со што ќе ги зближат општествата; Го осудува секој обид за замена на историски споменици и/или артефакти, вклучително и уништувањето на автентичното културно наследство; жали за уништувањето и фалсификувањето на бугарските натписи“, се наведува во компромисниот амандман 8 (31а).

Меѓу амандманите кои беа усвоени е и тој во кој се подвлекува дека јазичните, културните и националните идентитети се вистински темели на секоја земја и не треба да бидат доведени во прашање од трети страни, но и се бара отфрлање на етнонационалистичката реторика, вклучително и од политичарите, која поттикнува поделби и ги поткопува добрососедските односи, при што ја повикува ЕУ да вложи дополнителни напори за ограничување на таквата реторика и нејзиното влијание.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

Дејан Дејан

„Без мене Израел нема да постои“, Трамп се погласен во критиките против Нетанјаху

Дејан Дејан

Сточарите од Делчевско излегуваат на протест – Млекото нема да се истура на улица, туку ќе го подаруваат на случајни минувачи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе