НБРМ ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени и сега од 4 ќе биде 4,25 отсто. Од оваа камата зависат какви ќе бидат каматните стапки на кредитите но и на депозитите.
Според гувернерот Трајко Славевски одлуката е донесена поради економските последици од геополитичките случувања и неизвесноста околу темпото на целосната стабилизација на тековите што и понатаму создава ризици. Опстојуваат и притисоците врз инфлацијата, поради што на последниот состанок на ЕЦБ, каматните стапки се зголемија за 0,25 п.п..
Ова зголемување ќе се прелеее кај каматите на депозитите и кредитите откако секоја банка поединечно ќе направи анализи.
Во однос на банкарските провизии за кои што Славевски бараше реакција од Министерството за финансии, откако дел од поголемите банки најавија дека ќе ги зголемат надоместоците, сега откри дека се преговара за законско решение со кое би биле бесплатни некои банкарски услуги по примерот на други земји.
Сепак ова законско решение треба да го предложи Министерството за финансии.
Иако не секогаш имаат исто мислење гувернерот тврди дека односите со банкарите и со министерката Димитриеска – Кочосказа се добри.
