Спорт Фудбал

Македонските клубови ги чекаат ривалите во Европа: Вардар во Лигата на шампиони, Силекс и Шкендија во Конференциската лига

Македонските фудбалски клубови денеска ќе ги дознаат своите ривали во европските купови. Вардар го чека противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, додека Шкендија и Силекс ќе ги дознаат ривалите во Конференциската лига.

УЕФА утринава ги објави можните противници на Вардар во првото квалификациско коло. Во полудиригираната ждрепка, македонскиот шампион се најде во групата 1 и, очекувано, нема статус на носител.

Можни ривали на „црвено-црните“ ќе бидат Шамрок Роверс од Република Ирска, КуПС од Финска, Линколн Ред Импс од Гибралтар, Рига од Летонија, естонскиот првак Флора Талин, Ларн од Северна Ирска и велшкиот шампион ТНС.

Вардар доби релативно полесен пат во првото коло, бидејќи во другите групи има далеку поквалитетни потенцијални противници, како казахстанскиот шампион Каират Алмати, романскиот првак Универзитатеа Крајова и босанскиот шампион Борац Бања Лука.

Првите натпревари од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите се играат на 7 и 8 јули, додека реваншите се закажани за 14 и 15 јули. Ждрепката е закажана за 16 часот.

Во Конференциската лига, Шкендија има статус на носител и се најде во групата 5. Можни противници на тетовци во првото квалификациско коло ќе бидат Европа од Гибралтар, Малишева од Косово, УНА Штрасен од Луксембург, Пенибонт од Велс, Рунавик од Фарски Острови и естонскиот тим Номе Калју.

Силекс, пак, е неносител во групата 3 и го очекуваат силни потенцијални ривали. Кратовци може да се сретнат со Астана од Казахстан, ерменски Пјуник, Динамо Минск од Белорусија, грузискиот тим Дила Гори, а најпосакуван противник би бил Атлетик Ескалдес од Андора.

Првите натпревари од првото квалификациско коло во Конференциската лига се играат на 9 јули, а реваншите се седум дена подоцна. Ждрепката е закажана за 18 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инфантино влезе во соблекувалната на Иран и им даде поддршка на фудбалерите

Sportska Redakcija

ФИФА го расчисти случајот со ВАР-судијата обвинет за спорна гестикулација

Sportska Redakcija

Тунис експресно го смени селекторот: Ерве Ренар доаѓа по дебаклот од Шведска

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе