Вести Култура

Комедијата„Чудесна терапија“ утре бесплатно за граѓаните на Скопје

Драмски театар од Скопје, првиот дел од сезоната во која ја прославува 80- годишнината од постоењето, ја заокружува со изведба на претставата „Чудесна терапија“ утре (вторник) во 21 часот на отворено во центарот на градот. Граѓаните и посетителите на главниот град претставата ќе може да ја гледаат бесплатно, на локацијата во малиот амфитеатар во комплексот на Спомен- куќата на Мајка Тереза, на улица „Македонија“ во Скопје.

„Чудесна терапија“ е комедија по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург- Александра Бошковска, а костимограф е Раде Василев.
Улогите ги толкуваат: Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Стамболџиоска.

Драматургот Александра Бошковска во програмската белешка ја објаснува темата на претставата.

  • Претставата ʻЧудесна терапија’ се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно сме свесни дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада. Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, сѐ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем, вели Бошковска.

Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и до сега има 55 изведби од кои десетина гостувања биле на театарските фестивали во Македонија и во земјите од регионот. Поради универзалноста на темата и бравурозната изведба на актерската екипа, комедијата има одличен прием и актерите добиваат силни аплаузи како израз на задоволство на театарската
публика, се вели во дописот од Драмскиот театар-Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 Во ЕУ се води сериозна дебата и за проширувањето и како таа да се реформира

Дејан Дејан

Мицкоски ќе треба да се соочи со Ленче Ристоска на суд

Дејан Дејан

Вознемирувачки случај во Тетово – мајка го удирала во асфалт своето тримесечно бебе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе