Вести Економија Топ вести

Кредитна експанзија или борба за опстанок – 4, 6 милијарди евра им должат граѓаните на банките

Околу 4, 6 милијарди евра должат граѓаните во банките по основ на кредити. Ова е вкупната сума на заеми која банкарите заклучно со март им ја одобриле на домаќинствата, покажува најновиот извештај на Народната банка.

Од бројките може да се види дека кај овој вид на кредити има раст од над  11 проценти или за само еден месец на домаќинствата им се одобрени нови кредити во висина од над 60 милиони евра. Иако, веќе извесен период има значителен скок на цената на квадратот,  расте интересот и за станбените кредити. Според, извештајот на НБРМ заклучно со март банките одобриле скоро 2 милијарди евра од овој продукт. Неодамна од Народната банка  соопштија  дека потрошувачките кредити се оние кои и натаму се најбарани.

Во секој случај потрошувачките кредити се најзастапена форма на кредитна зодолженост на граѓаните. Во однсо на станбените кредити во еден подолг период наконтинурана основа гледаме раст, посилен  15 или 16 проценти, но исто така она што можеме да го забележиме е и зголемување  на бројот на активни кредитни партии врз основа на станбени кредити, вели за Бизнис објектив Милица Арнаудова Стојановска, советничка на гувернерот на Народната банка.

И од бизнисот се повеќе одат по кредит на шалтерите во банките. И кај оваа категорија се забележува раст на кредитирањето. Па, така вкупно на граѓаните и на фирмите заклучно со март одобрени им се заеми во висина од над 9 милијарди евра.

На годишно ниво пак интересот за кредитните картички опаѓа.

Се земаат кредити, но и се штеди. Анализата од Централата банка покажува дека граѓаните и фирмите кај банкарите  чуваат близу 11 милијарди евра.

Во меѓувреме меѓународните финансиски институции, но и домашните ги следат глобалните случувања кои треба да го покажат правецот на  движење на каматите и на кредитите но и на депозитите. Нивната висина зависи од инфлацијата која според последните податоци на статистиката повторно забрза и сега во земјава е на ниво од 4, 9 отсто во однос на истиот период лани.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски: Влеговме во коалиција за да Македонецот се чувствува во прв ред во својата држава

Tea Dimkovska

Атанас Костовски за „Директно“: Македонија покажа дека има ген за фудбал, но сè се врзува со ѕвезда во генерацијата

Дејан Дејан

Атанас Костовски „живата енциклопедија“ на македонското спортско новинарство со носталгија за почетоците на ТВ Скопје – „зградата ја градевме и ја изградивме со наш голем придонес“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе