Вести Македонија Топ вести

„Асанов е невин“ – тврди неговата одбрана и бара ослободителна пресуда

Одбраната на 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиството на 79-годишната штипјанка Борјанка Николова побара ослободителна пресуда и тврди дека Асанов е невин. Во завршните зборови пак на обвинителството се слушна барањето за затворска казна, бидејќи обвинетиот е виновен,а дел од телото на Борјанка беше пронајдено и закопано во дворот на Асанов во Штип.

  • Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека обвинетиот извршил грозоморно убиство на жена, при што на еден монструозен и немилосрден начин како ја убил оштетената и со остар предмет и ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место-рече Здравкова-Стојанова.

Обвиниетиот Асанов денеска негираше вина и како што рече пред судот ги сакал жените и никогаш не кренал рака на нив. Според бранителката Елизабета Панева доказите не се доволни и не даваат јасна слика за како е извршено злоделото. Таа побара домашен притвор и ослободителна пресуда за обвинетиот.

  • -Во предметниот случај не постои ниту еден доказ, кој упатува дека дејствијата на обвинетиот биле мотивирани од полот на оштетената, ниту пак дека постоела претходна динамика на односот која би укажала на континуирано насилство засновано на родова основа- вели Панева.

79-годишната Николова е убиена лани, дел од нејзиното тело беше пронајдено во дворот на Асанов, кој првично пред истражните органи признал вина, но пред судот го смени исказот тврдејќи дека починатата ја има пронајдено мртва во неговиот дом.

Во исказот го спомена  и неговиот очув, кој побарал да не кажува на полицијата. Судот пресудата ќе ја објави на 28 април во штипскиот Основен суд.

Викторија Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски: Влеговме во коалиција за да Македонецот се чувствува во прв ред во својата држава

Tea Dimkovska

Атанас Костовски за „Директно“: Македонија покажа дека има ген за фудбал, но сè се врзува со ѕвезда во генерацијата

Дејан Дејан

Атанас Костовски „живата енциклопедија“ на македонското спортско новинарство со носталгија за почетоците на ТВ Скопје – „зградата ја градевме и ја изградивме со наш голем придонес“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе