Во Кривичен суд продолжи изведувањето на материјани докази од страна на обвинителството на судењето на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел на самоубиство неговата сопруга Ивана, како и за кривичните дела нанeсување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Како доказ обвинителката Адела Бојчиќ презентираше видео снимка од катната каража позади судот во кое Стојанче и удира шамар на Ивана и тие се расправаат, по што таа се јавува некаде. По извесно време, на видеото се гледа како доаѓаат двајца полицајци кои ги повикала Ивана. Тие настрана разговараат со неа и со Стојанче и по неколку минути си заминуваат.
Оваа снимка е направена само неколку часа а пред Ивана да си го одзеде живото заедно со 6-годишната Катја.
Беше презентирано и друго видео од телефонот на Стојанче – тој ја снима Ивана непосредно откако ја пријавува за семејно насилство на 192.. . На овој видео запис се гледа Ивана како стои во ходникот пред вратата на нивниот стан каде што живееле и разговара со обвинетиот со прекрстени раце како да се брани. Плаче цело време. Стојанче ја снима и и вели „Тргни ми се Ивана“, додека таа му вели „Не ме удирај повеќе“. Таа се држи за главата и постојано плаче, а Стојанче почнува да се смее.
Ивана на 2 март го загуби животот по пад од балкон од шести кат заедно со нејзината 6 годишна ќерка Катја во скопско Тафталиџе.
