Uncategorized Вести Македонија Најважни

Филипче: Владата да испрати барање за екстрадиција на Груевски од Унгарија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче побара од Владата  веднаш да испрати барање до Унгарија за екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски. Барањето следува откако новоизбраниот премиер на Унгарија Маѓар рече дека „земјата повеќе нема да биде засолниште на криминалци“.

„Сега се поставува што ќе прави сега Никола Груевски, кога нема повеќе заштитник во Будимпешта? Години наназад уживаше гостопримство. Ќе бега ли во Русија или на друго место или ќе се врати да ја отслужи казната? Ја поздравувам јасната и недвосмислена порака на новиот унгарски премиер од вчерашната прес конференција дека ќе ги испорача оние кои се кријат на нивна територија и кој конечно го означи Никола Груевски како криминалец. Ова е крај на ерата кога Будимпешта беше безбедно засолниште за сите осудени криминалци. Бидејќи ЗНАМ веќе ја честиташе победата на Маѓар, прашањето е има ли барање поднесено досега од оваа влада за екстрадиција на Груевски? Доколку нема, зошто нема, и дали денес ќе поднесе барање? Време е за правда, време е за Европа, кај нас и во целиот регион“, рече Филипче.

Филипче ги обвини властите и дека „ги ставиле стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан“ , но не заради интересите на државата и на граѓаните, туку заради свои лични интереси“.

„Македонија со години е во медиумски мрак поради медиумите контролирани од Орбан со кои директно управува ВМРО. Резултатот е  политичка aлатка на Мицкоски и ВМРО за лажни вести и напади против СДСМ и мене лично“, рече Филипче.

„Со падот на Орбановиот режим во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на светло. СДСМ ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Доаѓа време за вистина, правда и одговорност.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе