Вести Македонија

Заеднички решенија против сајбер напади

Во ера кога секој бизнис и секој граѓанин е цел на сајбер закани, соработката со локалните ИТ експерти и глобалните технолошки лидери е клучна за создавање на побезбедна дигитална иднина. Сајбер заканите стануваат секојдневие, но важно е да се вложи во решенија кои на македонското стопанство ќе му помогнат да се спротивстави на растечките дигитални ризици, а истовремено да го следи глобалниот технолошки развој посоечуваат експертите од оој сектор.

„Ние денес во дигиталната ера имаме голем број предизвици кој ни прават закани од различни типови на сајбер криминалци. Тоа веќе не се само поединци туку денес има и компании кои се бават со сајбер криминал, а се разбира дека имаме и државни фирми кои напаѓаат од политички причини“, изјави Жељко Симиќ, Fortinet.

„Таа дигитализација е добра за општеството но треба да има и заштита така што со трослојната заштита која што ја нудат нашите партнери со нашата технологија – ние сме производители на сајбер безбедност сме во можност да ги заштитиме и да им овозможиме на фирмите да се  одбранат од тие закани“, изјави Жељко Симиќ, Fortinet.

Компаниите Фортинет и Макпетрол, на коференцијата која ја организираа посочија дека безбедноста повеќе не е технички проблем туку стратешка потреба на секоја компанија. А двете компании посочуваа дека со партнерството ќе обезбедат брзи, паметни и безбедни мрежи, со што ќе се одговори на потребите на клиентите и ќе се зајакне отпорноста на стопанството.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Со Иран може да се постигне договор во текот на викендов

Kristina Kuzmanovski

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30%, на мета девојчињата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе