Вести Македонија Најважни

Лебот поскапува, Мицкоски ќе проверува дали е оправдано

Мицкоски на средба со неговиот кабинет ќе ја разгледува состојбата со лебот. Од денеска во неколку градови лебот е поскапен од три до пет денари. Од мелничко –  пекарската индустрија причината за ова ја лоцираат во зголемените трошоци за работа. Очекуваат состојбата да се искомплицира со воениот конфликт, а  пекарниците со какви цени ќе работат ќе зависи од тоа колку имаат залихи на енергенси.

„Импактот на нафтата е во три домени, во производството на лебот и на другите пекарски производи, во набавката на суровини каде што притискаат транспортните услуги кои се зголемени уште од првиот ден на војната, цените за транспортните усуги за суровини кои влијаат во делот на цената на суровината. Вториот дел кој е најважен е печењето на производите кои се 99% зависни од нафтата“, вели  Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко – пекарска индустрија при СКМ.

Премиерот пак најави дека денеска на состанок ќе седне со неговите луѓе, да види дали има основ за вакво покачување.

„Доколку има потреба тогаш ќе кажеме да има потреба и ќе преземе мерки. А доколку нема потреба тие кои што девијантно и непазарно се однесуваат ќе бидат изречени глоби“, рече премиерот Христина Мицксоки.

Во Штип Кочани, Битола, Прилеп од денеска поскапува белиот леб од 450 грама. Претходно скокнаа цените на јајцата и маслото.

ММФ по две недели скенирање на домашната економија се изјасни дека инфлацијата ќе се зголемува, а економскиот раст на земјава ќе забави. Мицкоски пак смирува- состојбата е под контрола. Чека прво да го види новиот извештај на статистика за цените, па потоа ќе се одлучува како понатаму. Тврди и дека нема потреба од кризна состојба и на пазарот со струја, а допрва ќе се види и дали ќе се продолжи со намаленото ДДВ, мерката која се донесе како превенција по две поскапувања  на горивата.

Апсолутно доколку видиме дека имаме зголемување на цените апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка се додека трае кризната состојба може и понатаму ќе ја продолжиме повторно мерката и ако повторно ескалира имаме уште алатки на располагање тука се акцизите“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Дали  буџетот има капацитет за да се спроведат и дополнителни мерки ако има потреба од тоа, Мицкоски конкретно не одговори. Ги наброја долговите кои треба да се покријат во следниот период.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Со Иран може да се постигне договор во текот на викендов

Kristina Kuzmanovski

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30%, на мета девојчињата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе