За самостојно и модерно обвинителство потребни се услови, кадар и независен буџет, беа дел oд поентите на денешната јавна расправа за законот за јавно обвинителство. Предлог законот предвидува буџетот на обвинителството да биде е 0,4 % од даночните приходи на Република Северна Македонија за тековната година, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства. Актуелниот закон предвидува 0,4 посто кои досгеа не ги добиваа во целост. Светот оди напред во обвинителства и судови се користи вештачкаи нтелигенција, а кај нас сè уште дигитализација и интероперабилностa се мислени именки, порача Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл Македонија“.
Професорката по кривично право Александра Дејановска Трендафилова која беше дел од работната група рече дека се зајакнува самостојноста на јавните обвинители, обвинителите ќе се оценуваат на пократок рок, а се предвидува и потранспарентна процедура за избор на државниот обвинител. Смета дека со законот да се предвиди државниот обвинител да се бира со квалификувано мнозинсто и се повика на амандманот 10 од уставот.
Претходно, професорот по уставно право Денис Прешова веќе порача дека дојдено е времето со закон да се предвиди квалификувано мнозинство за именување на републичкиот Јавен обвинител и избор на членовите на Советот на јавни обвинители со оглас. Тој на социјалните мрежи објаснува дека нема пречка за тоа, со оглед на тоа што со Уставот воопшто не е регулирано потребното мнозинство за избор и именување, а во насока на својот став посочи други примери.
„Ако Уставот е нем во однос на потребното мнозинство, тогаш сметам дека нема пречка таа празнина да биде пополнета од страна на законодавецот. Во спротивно, може да ни се случи Републичкиот да го именуваат и со помалку од 61 пратеник. Сето ова многу повеќе наликува на користење на уставните одредби за политички пазар, отколку на релевантно и соодветно толкување на Уставот. Всушност, може да се каже дека станува збор за „конституционализација“ на политичкиот договор меѓу „големите“ политички партии да се толерира изборот на „свој“ или партиски подобен кандидат за Републички и во Советот“, смета Денис Прешова, професот по уставно право.
Паралелно со постапката за новиот закон одеше и постапката за избор на нов државен обвинител. Утре е собрниската седница за именување на новиот обвинител. Владата го предложи судијата Ненад Савески.
Елена Ивановска Мукоска
