Вести Свет Топ вести

Русија заработила шест милијарди долари од војната во Иран

Русија заработила дополнителни шест милијарди долари во првите две недели од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, покажува анализа на Центарот за истражување на енергијата. Според извештајот, зголемените приходи доаѓаат од повисоките цени и продажбата на фосилни горива.

Анализата покажува дека дополнителната заработка од околу 510 милиони евра дневно би ѝ овозможила на Москва да купува до 17.000 дронови „Шахед“ на ден, доколку се пресмета просечната цена од околу 35.000 долари по единица.

Германија предупредува дека евентуално ублажување на санкциите кое го најавија САД, би можело значително да ги зголеми приходите на Русија, додека таа продолжува со војната против Украина. Според нив, ваквиот развој може да има последици и за безбедноста на Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе