Uncategorized Вести Најважни Свет

Песков: Путин, Трамп и Зеленски треба да се сретнат само за да ги склучат договорите

Претседателите на Русија, САД и Украина, Владимир Путин, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, треба да се сретнат само за да ги склучат договорите.

– Можеби тука треба да се согласиме дека тројцата претседатели треба да се сретнат само ако е потребно да ги финализираат договорите, или, како што велат Американците, „зделката“. Тоа е веројатно точно – рече Песков во интервју за русата државна телевизија.

Говорејќи за можноста да се организира средба меѓу рускиот претседател и Зеленски, Песков потсети на претходните изјави на украинскиот претседател во кои тој зборуваше за тоа „на што Украина никогаш нема да се согласи и што има намера да прави следно“.

– Нема потреба ниту да се анализираат изјавите, само треба да се сетиме и да се запрашаме дали има смисла да се среќаваат на највисоко ниво ако киевскиот режим и понатаму го одржува овој став – рече Песков.

На новинарско прашање дали понудата до Зеленски да дојде во Москва ако сака да разговара за што било и понатаму важи, Песков одговори потврдно.

– Да, тоа беше зборот на претседателот Путин. Тој секогаш го држи својот збор – рече Песков. Тој наведе дека територијалното прашање останува најсложениот аспект на украинското решение, како и дека на средбата меѓу Путин и Зеленски мора да ѝ претходи „педантна стручна работа“.

– Територијалното прашање е најсложено и, секако, на какви било сериозни средби мора да им претходи педантна работа на стручно ниво – рече Песков

Украинскиот претседател пак Володимир Зеленски изјави  дека политичката волја и прашањето за територијата остануваат главни пречки за постигнување мировен договор со Русија.

-Разбираме дека Американците сакаат да ја запрат оваа војна што е можно побрзо. Да, но споредмене, тешкотиите сега – не на воен план, патем, го покренав вчера со нашите партнери, не на воен план. Генералите, трилатерално, од Украина, САД и Русија, разговараа како да го следат прекинот на огнот кога ќе дојде. Проблемот е со политичката волја да се запре оваа војна и прашањето за териториите. Ова е тешко како што имаме, ништо ново. Меѓу нас, ништо ново, ќе се обидат да зборуваат утре и ќе зборуваат, мислам дека во првите денови од март, трилатерално, се надевам дека ќе имаме состанок и секако размена на заробеници, изјави Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе