Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска ги повика владите на земјите-членки на Европската Унија за економски реформи, кои со години стојат во место, преку т.н. „Коалиција на подготвените“, оценувајќи дека за напредок не е неопходна согласност од сите 27 земји-членки.
Во интервју за „Волстрит џурнал“, Лагард истакна дека еврозоната, група од 21 земја што го користат еврото како валута, покажува дека е можна подлабока интеграција и без целосно единство на сите членки на Унијата.
„Ги немаме сите 27 на маса, но системот сè уште функционира“, појасни Лагард.
