Владата попушти за платите на државната администрација, но не и за минималната плата на работниците. Не попушта ни ССМ – 600 евра минимална плата или блокади и генерален штрајк.
Ќе се откажат ли работодавачите од барањето владата да плаќа дел од придонесите за зголемување на минималната плата за да се задржи социјалниот мир? Синдикалната минимална кошничка во јануари е 66.413 денари, владата се уште не ја објавила нејзината. Дали продуктивноста на работниците ги следат платите?
Во Топ Тема дебата со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, со Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи и Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати.
Топ Тема со Тамара Грнчароска на Телма
Toп Тема – Владата попушти за платите на државната администрација, но не и за минималната плата на работниците
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
