Пронајдените пари соѕидани во ѕид во кујна ни припаѓаат нам, а не на нашиот син, ова го тврделе родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра.
Ова за дел од медиумите го соопшти адвокатот на одбраната на судијата Ристов, Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на патна исправа и забрана за вадење нова.
Давидовиќ исто така го коментираше делот од обвинението во кое Ристов се товари за непријавување стекнат имот, но посочи дека во членот од законот во кој се регулира оваа проблематика „постои двојба“, односно дека судот и судиите не се опфатени со наброените категории.
Судски совет го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се чека куќен притвор од Кривичен
