Вести Македонија Најважни

Судски совет го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се чека куќен притвор од Кривичен

Судскиот совет едногласно му го одзеде имунитетот на осомничениот судија Ѓоко Ристов, а сега се чека на Кривичниот суд дали ќе му одреди куќен притвор и ќе му го одземе пасошот. Расправата на Судски совет беше зад затворени врати за да не се повреди истражната постапка, а јавноста само го следеше гласањето.

Ристов по сослушувањето во ОЈО ГОКК и по одземањето на неговиот имунитет се упати накај судот каде ќе се донесе одлуката дали ќе се брани од слобода или не.

„Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар“, соопшти ОЈО ГОКК.

Во куќата на родителите на апелациониот судија во Неготино викендов беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра.

„На првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти  во апоени од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра“, информира МВР.

Сега човекот што делеше правда се гони за противправно стекнување и прикривање на имот, како и перење на пари.  Ристов од средата 14 јануари е на боледување и не одел на работа во Апелациониот суд. Истрагата е отворена на средината на декември, по апсењето на адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој како бранител на бегалецот Љупчо Пецов Ѓаволот му зел 50.000 евра за да му „среди“ и подмити апелационен судија за замена на затворскиот притвор со домашен.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе