Животот полека се враќа во нормала во регионот Камчатка на далечниот исток на Русија по снежната катастрофа која ја зафати земјата.
Локалните жители излегуваат на улиците за да чистат снег, а сообраќајот постепено се обновува на патиштата прекриени со снежна покривка.
Силното невреме кое ја погоди земјата минатата недела, донесе силни ветрови и рекордни снежни врнежи, достигнувајќи висина и до три метри.
Две лица загинале од снег паѓајќи од покриви. Граѓаните го нарекуваат овој период „снежна апокалипса“, бидејќи повеќето приземја на станбени згради и приватни куќи биле покриени со снег.
Јавниот превоз во регионалниот центар Петропавловск-Камчатски бил делумно суспендиран и автобусите биле заменети со теренски возила.
