Вести Македонија Најважни

Куќен притвор и одземање на пасош се бара за осомничениот судија Ѓоко Ристов

Куќен притвор и одземање на пасош се бара за осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов откако беше сослушан во ОЈО ГОКК. Во куќата не неговите родители во Неготино викендов беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра. Сега човекот што делеше правда се гони за противправно стекнување и прикривање на имот, како и перење на пари. Обвинителството му ги предочило доказите кои го имаат против него, а дали ќе се брани од слобода или не дополнително ќе се одлучува.

„Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. На судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор. Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање“, соопштуваат од ОЈО ГОКК.

На потег пред Кривичниот суд е Судскиот совет кој треба да свика итна седница за да му го одземе имунитетот на судијата Ристов.

„До Основен Кривичен суд од страна на ОЈО ГОКК е доставен предлог за определување мерка куќен притвор и дополнителни мерки за обезбедување присуство, предлогот е распределен кај судија на претходна постапка кој веднаш достави известување до надлежниот Судски совет од каде се очекува одговор, по што судијата ќе продолжи со постапување“, велат од Основен Кривичен суд Скопје.

Ристов од средата 14 јануари земал боледување и не одел на работа во Апелациониот суд. Илјадиниците евра кои беа пронајдени се наоѓале во празен простор зад ѕид од цигли врз кои имало и плочки. Истрагата е отворена на средината на декември, по апсењето на адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој како бранител на бегалецот Љупчо Пецов Ѓаволот му зел 50.000 евра за да му „среди“ и подмити апелационен судија за замена на затворскиот притвор со домашен.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе