Синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк утрово поради новиот буџет за 2026 година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент.
Штрајкот го поддржуваат и локалните власти, наставниците, здравствените работници и градоначалниците, а пред Парламентот се организираат протести во текот на денот.
Синдикатите го критикуваат буџетот како „антиграѓански“, кој, според нив, носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и привилегии за големите бизнис групации, и изразуваат солидарност со протестите на земјоделците.
Вечерва се очекува буџетот да го поддржат само пратениците од владејачката Нова демократија, а премиерот Кирјакос Мицотакис го опиша како „општествен и развоен, реален и реформски“, со мерки за поддршка на средната класа, младите, семејствата и најранливите категории граѓани.
Б.С.
