Во пукање во илегален бар во Преторија загинаа 11 луѓе, вклучувајќи тригодишно момче, соопшти денеска полицијата на ЈУжна Африка. Повредени се 14 луѓе, а се трага по тројца осомничени.
„Меѓу загинатите има тројца малолетници, две момчиња на возраст од 3 и 12 години и една 16-годишна девојка“, соопшти полицијата.
Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот, со просек од околу 60 дневно.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
