Трките со мотори до пред две години беа вообичаени во Газа секој петок во неделата. По примирјето со Израел, Палестинците се чини се враќаат на предвоените традиции и она што беше вообичаено за нив пред 7 октомври во 2023 година.
Десетина мотоциклисти се возеа низ песочните дини во енклавата, минувајќи по патека крај урнатини и кампови за раселени лица. Велат се вратиле на старите навики за да излезат од военото расположение и неизвесност со кои живееја по нападот на Хамас и одговорот на Израел.
