Најмалку 12 куќи беа оштетени или уништени во шумски пожар во крајбрежна област северно од Сиднеј. Првичните извештаи не укажуваат на повредени луѓе или жртви. Снимките од дрон покажаа повеќе домови во пламен додека противпожарните хеликоптери ја надлетуваа областа и дејствуваа од воздух.
Температурите во Сиднеј надминаа 40 степени Целзиусови (104 степени), а предупредувања за топлотен бран беа издадени во повеќе делови од државата Нов Јужен Велс.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
