Во понеделникот одекна уште една експлозија на рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинската воено-разузнавачка служба (ХУР) за „Киев Пост“. Нападот, според наводите, се случил во близина на Казински Виселки на потегот на Таганрог – Липетск и бил предизвикан далечински активирана експлозивна направа, додава весникот.
Претставник на ХУР, кој е запознат со операцијата, појасни дека направата била опремена со запалливи смеси за да се засили пожарот. Кратко по експлозијата, локалното население пријави светлосен блесок, а снимки и пораки за само неколку минути се појавила на регионалните социјални мрежи.
Нафтоводот „Дружба“, еден од најголемите во светот, е клучен за транспорт на руска сирова нафта во неколку земји од Европската Унија. И покрај санкциите, делови од „Дружба“ се и натаму во функција, овозможувајќи ѝ на Москва да остварува приходи од милијарди евра за поддршка на воената кампања во Украина.
„Руската нафтена мрежа, која ја финансира државата на агресорот и нејзиниот воено-индустриски комплекс, ќе продолжи да гори додека непријателот не престане да ја напаѓа Украина“, изјави извор запознат со операцијата.
On December 1, the “Druzhba” oil pipeline was blown up in Russia.https://t.co/eX9LDzjS4s pic.twitter.com/hUj2l39ycb
— Babel.ua: Ukraine at war (@UaBabel) December 3, 2025
