Вести Свет

Рафинеријата на НИС во Панчево се затвора поради американските санкции

Рафинеријата на НИС во Панчево го започна процесот на целосно затворање поради недостиг на сурова нафта, како последица од санкциите што САД ги воведоа кон компанијата поради руската сопственост. Објектите се ставаат во „азотен режим“ за да се спречи корозија, процес што може да трае до три месеци. Во меѓувреме, бензинските пумпи на НИС ги трошат последните резерви, соопшти компанијата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија сè уште нема добиено одговор од САД за издавање лиценца за продолжување на работата на НИС. Тој нагласи дека државата презела ризик и ги обезбедила сите плаќања со компанијата до крајот на неделата, со цел да се избегнат дополнителни прекини во снабдувањето.

Доколку лиценцата биде одобрена, за повторно стартување на рафинеријата ќе бидат потребни најмалку две недели. Но, доколку објектот остане исклучен повеќе од три месеци, повторното активирање би траело четири или повеќе месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе