Европјаните ќе се спротивстават на наметнат мир за Украина, порача германскиот канцелар Фридрих Мерц во пресрет на утрешните разговори на меѓу Стив Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
„Ние следиме јасна линија. Нема никакви одлуки за Украина и за Европа без Украинците и без Европјаните. Никаков мир не може да биде наметнат зад грбот на Украина, никакво слабеење, ниту поделба на Европската Унија и на НАТО“, изјави Мерц по денешните телефонски разговори со неговите француски, британски, полски и украински колеги.
Состанокот беше одржан додека Мерц во Берлин беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск, а Макрон во Париз го дочека украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во Украина е прашање и на единството на Европа“, додаде Мерц.
Силната дипломатска активност доаѓа во момент кога руските сили во ноември го бележеа својот најголем напредок на украинскиот фронт во последната година, покажува анализата на податоците на АФП кои ги овозможи Институтот за проучување на војна. Но, и соочување на украинскиот претседател Зеленски со најголемиот корупциски скандал на домашната сцена, во кој се вмешани и луѓе од владата во Киев. Тоа беше причина за оставка на моќниот шеф на претседателскиот кабинет Андреј Јермак.
