Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, побара од претседателот на државата помилување во судскиот процес против него за корупција.
Од канцеларијата на Нетанјаху потврдија дека Нетанјаху го поднел барањето до правната канцеларија на Претседателот, од каде се оценува дека станува збор за „икслучително ретко барање“ со „значајни последици.“
Нетанјаху е единствениот премиер во историјата на Израел кој додека ја вршел функцијата се соочил со судски процес против себе и тоа со обвинувања за измама, нарушување на довербата и прифаќањето мито.
Барањето на Нетанјаху доаѓа откако американскиот претседател, Доналд Трамп, апелираше до претседателот на еврејската држава да го помилува Нетанјаху.
Според информациите на израелските медиуми, барањето на Нетанјаху се состои од два документи – детално писмо потпишано од неговиот адвокат и писмо потпишано од Нетанјаху.
Тие ќе бидат препратени до министерството за правда, за нивно мислење и потоа препратени до правната канцеларија на Претседателот, од каде ќе формулираат дополнителни мислења за шефот на државата.
Во видео изјава објавена од кабинетот на Нетанјаху, тој тврди дека судскиот процес против него ја поделил земјата и дека помилувањето ќе помогнело да се обнови националното единство на Израел.
Исто така, израелскиот премиер оцени дека барањето од него да се појавува три пати неделно во судница му го одвлекува вниманието и му ја отежнува задачата да ја води државата.
Н.И
