Вести Свет

Лавров: Русија ја чека преодната верзија на американскиот план за Украина

Москва очекува Вашингтон да ја достави преодната верзија на планот за решение во Украина, договорен со Европејците и Украинците, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој рече дека Русија очекува САД да ја информираат за резултатите од разговорите со Украина и се надева дека тоа ќе се случи во догледно време, пренесува РИА Новости.

Имаме канали за комуникација со нашите американски колеги и тие се користат. Очекуваме тие да ја претстават верзијата што ја сметаат за привремена во смисла на завршување на фазата на усогласување на овој текст со Европејците и Украинците, рече Лавров по заедничкиот состанок на колегиумите на руското и белоруското Министерство за надворешни работи.

Проценките на Русија во врска со планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Украина остануваат во сила, а Москва го поздравува фактот што во основата на овој документ се разбирањата постигнати на самитот на Алјаска, нагласи Лавров.

Русија го цени ставот на САД, бидејќи тие се единствениот западен лидер што презема иницијатива во потрага по решение за конфликтот во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Секако го цениме ставот на САД, кои се единствениот западен лидер, за разлика од Лондон, Брисел, Париз и Берлин, кој презеде иницијатива да најде решение. Ние тоа го цениме, рече Лавров.

Според него, Западот сака да го преиначи планот на Трамп и да ги поткопа напорите за решавање на конфликтот, бидејќи секој пат, како што наведе, го уривал постигнатиот напредок во врска со Украина.

Лавров нагласи дека Европа „целосно потфрлила по сите параметри“ во своите постапки кон Украина, почнувајќи од 2014 година.

Тој додаде и дека Белорусија и Турција можат да играат конструктивна улога како посредници во решавањето на конфликтот во Украина.

Гледаме земји кои можат да играат конструктивна улога како посредници. Тоа ги вклучува Белорусија и Турција, рускиот претседател Владимир Путин неодамна разговараше за тоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој исто така е заинтересиран да помогне во создавањето платформа. Ние не ја отфрливме Истанбулската платформа, тоа беа Украинците, рече Лавров на прес-конференција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе