Уште 5 кандидати го заокружија процесот на претставување на кандидатите за нов претседател на ДКСК и да ја заменат обвинетата Татјана Димитровска. Сите ветија поголема активност на Антикорупциската комисија во случај да бидат избрани за прв Антикорупционер.
На сегашниот состав му забележаа дека е речиси невидлив и нетранспарентен, а меѓу најголемите проблеми беше посочена и соработката со други надлежни институции кои треба да им помагаат во борбата против корупцијата, ама државата не дава пари за компјутерски софтвер за поврзаување.
„И здравје Боже ако ги имам таа чест да бидам избран за претседател ја би се фокусирал на граѓаните на претставките, бидејќи таа институција што се смета дека има сомнеж за наводна корупција или судир на интереси, ако е така она ќе ја опструира комисијата, а ја фокусот би го ставил на тие претставки од граѓаните“, објасни Ненад Трифуновски, кандидат за претседател на ДКСК.
„Повеќе едукации во насока на зголемување на интегритетот кај лицата од државната власт, од централната власт и непосредните звршители коишто треба да ги спроведат мерките“ рече Благица Трошанска, кандидат за претседател на ДКСК.
„Првиот ден од кога стапија на функција побараа дипломатски пасоши. Чекајте кои сте вие зошто имате право на дипломатски пасоши? Таа комисија во првите неколку месеци ја нападна претходната комисија дека била популистичка. Значи стартот на оваа комисија беше многу лош“, изјави Кимо Чавдар, кандидат за претседател на ДКСК.
„Државата ќе речам не комисијата со закон е обврзана да има регистар на избрани именувани лица, тоа е еден вид превентивна алатка да знаеме колку функционери имаме во моментот на функција и превентивна аалатка да спречи кумулација на функции. Ние ден денеска немаме точна бројка на избрани именувани лица од причина што регистарот активно не се полни“, изјави рече Адем Чучуљ, кандидат за претседател на ДКСК изјави Феузи Џафери, кандидат за претседател на ДКСК.
„Во ниту еден случај не можеме да имаме ефикасна борба против спречувањето на корупцијата ако соработката не е со сите институции кадешто ќе биде неопходно да се обезбедат потребните информации за да се тој предмет конкретизира па и нормално да се канализира во другите постапки“, посочи Феузи Џафери, кандидат за претседател на ДКСК.
По крајот на интервјуа со сите десет кандидати, комисијата за селекција утре треба да ја состави листата, а сите 7 членови на комисијата, 4 пратеници, двајца претставници на невладиниот сектор и претставник на Народниот правобранител ќе ги бодуваат кандидатите. До крај на неделата се очекува крај на процесот и предлог за нов претседател на ДКСК на кого главна задача ќе му биде враќањето на довербата во институцијата по скандалот со екс претседателката за која тече судски процес по обвинение за оддавање службени тајни на Антикорупциската комисија.
Миомир Серафиновиќ
