Вести Свет Топ вести

(видео) Будва се чисти по хаосот од поројниот дожд што носеше и автомобили

Хаосот на улиците на Будва, Црна Гора што го оставија поројните дождови е саниран, соопштуваат од тамошното комунално претпријатие.

Во акцијата учествуваа работници од Општинската компанија, како и други компании и служби што го сочинуваат тимот за заштита и спасување на општина Будва.

  • „Иако редовно ги чистиме каналите за одводнување на атмосферски води, денес се соочивме со голема количина на талог што водата го донесе од околните ридови и незаштитените градилишта“, изјавија за „Вијести“ од комуналното претпријатие.

Исчистени се каналите, отстранета е големи количини песок, земја, шут и друг талог од градските улици.

  • „Акцијата за чистење и миење е сè уште во тек, а ќе продолжи и во наредните денови, со цел да се обезбеди целосна проодност и безбедност на сите граѓани и учесници во сообраќајот“, рекоа надлежните.

Обилните дождови што ноќеска и утринава ја погодија Будва повторно ја претворија реката Грѓевица во надојден порој кој однесе десетици паркирани автомобили, оставајќи зад себе слики како од катастрофален филм.

Според локалните медиуми, водата нагло се излеала од коритото и буквално почнала да ги носи возилата паркирани во коритото на реката – простор што со години служи како најголем импровизиран паркинг во центарот на градот.

Снимките од терен покажуваат како моќниот порој турка автомобили, контејнери и ситни објекти, додека граѓаните немоќно гледаат од околните згради.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе