Вести Македонија Најважни Топ вести

Обвинители, адвокати, родители на загинатите и силно полициско обезбедување – почна првото рочиште за „Пулс“, судијката вети „ќе дојдеме до правдата“

Обвинетите, адвокатите, родители на загинатите, силно полициско обезбедување и многу новинарски екипи од земјава и странство се присутни во судницата во затворот „Идризово“, каде денеска започна најмасовното судење во земјава за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Од утрово полициски комбиња ги носат обвинетите кои се во притвор, додека оние кои се бранат од слобода дојдоа во придружба на своите адвокати. За сега мирно тече организацијата на првото рочиште кое е под мониторинг и на странски амбасади, ОБСЕ и невладини организации. Пред влезот на „Идризово“ осамна и транспарент од герила акција на движењето „Кој е следен“ со порака дека од денеска судската власт е под лупа.

Обвинети се 35-мина и три фирми за „Предизвикување тешки дела против општата сигурност“, а во обвинението е опфатен 13-годишен периодот во кој се направиле низа системски пропусти кои доведоа до овој трагичен настан во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

Првообвинет е сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов – Деко, кој веќе е во судницата, неговиот брат и дел од обезбедувањето на дискотеката. Обвинети се и тројца претходни градоначалници на Кочани, како двајца поранешни министри за економија, Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини. Од ова министерство се обвинети и еден државен секретар и петмина службеници. Меѓу обвинетите е и актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, но како поранешен директор на дирекцијата за заштита и спасување. Од оваа институција се обвинети и тројца други бивши директори и еден главен инспектор. Се гонат и локални инспектори ,но и инжинерката која го одобрила елаборатот.

Предметот го бранат дури 15 обвинители, а судечкиот совет ќе го предводи судијката Дијана Груевска Илиевска. Таа веќе им ги кажа правата на обвинетите и побара дисциплина од сите учесници. Рече дека секое барање за одлагање со лекарско уверение ќе биде проверено и за неоснованите ќе има санкции. Вети транспарентност истакнувајќи дека знае за болката и тагата на родителите и дека се ќе стори за псотапката да тече нормално. Сепак мора се гарантираат и правата на обвинетите и не смее да има грешки, рече судијката која не сакаше да прогнозира дали ќе трае пет месеци или пет години.

Адвокатите прогнозираа дека ова ќе биде долго судење со оглед на тоа што има многу доказен материјал кој ќе го оспоруваат.

Денеска се очекува судењето да започне со воведниот говор на обвинителите по што обвинетите ќе треба да се изјаснат дали се виновни или не. Оштетените бараат фер судење во кое виновниците како што рекоа ќе ја добијат заслужената казна.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе