Во траорна атмосфера, родителите на загинатите младинци стигнаа пред судницата во Идризово многу пред закажаниот старт на судењето за “Пулс”, кочанското кабаре во кое загинаа 63 луѓе, а над 210 се повредени.
Родителите во црнина и во маички со лицата на нивните загинати деца потоа влегоа во судницата која е полна и поради премногу луѓе беа донесени уште столчиња. Судењето потоа почна.
Дел од обвинетите кои се во притвор уште околу 8:30 беа донесени со возила на затворската полиција.
Обемното обвинение поднесен од ОЈО Кочани, опишува повеќедецениски синџир на негрижа, свесни пропусти и корупција, кој почнува од сопствениците на клубот, преку локалната власт оди до повеќе функционери и службеници во неколку државни институции и министерства. Со обвинението се опфатени само двајца актуелни функционери.
Обвинети се 35 физички и 3 правни лица, кои се товарат за делото „Тешки дела против општата сигурност“. Обвинителниот акт укажува на сериозни пропусти во повеќе нивоа на системот. Обвинети се и двајца поранешни министри за економија како и 4-ца екс директори на Дирекцијата за заштита и спасување.
Ве гледаме! Герила акција на „Кој е следен“ пред КПУ Идризово за судењето за „Пулс“
